За нас!

 

  Здружението на лекарите на општина Охрид е основано на 03.05.1979 година и од тогаш до сега бележи континуирана активност, развој и подем.

nn

 Во Здружението денес членувааат околу 300 доктори по медицина, вклучувајќи ги и невработените и пензионираните колеги. Поголем дел од членовите на Здружението се специјалисти и субспецијалисти од различни специјалности и субспецијалности ,а во него членуваат и повеќе доктори на медицински науки и поголем број на магистри на медицински науки.

 Во изминатите две години (2009-2011) на Здружението на лекари Охрид му пристапија во членство повеќе доктори кои живеат и работат вон територијата на општина Охрид и тоа од: Струга, Вевчани, Кичево, Дебар, Ресен, Центар Жупа итн. 

 Здружението располага со сопствени простории опремени со компјутери, печатачи, скенери и пристап на интернет како и комплетна апаратура за видео-презентации.

  Здружението редовно организира стручни состаноци, медицински работилници на кои предавачи се реномирани професионалци од земјата и од странство, но предавачи понекогаш се е и членови на Здружението. Исто така досега Здружението реализирало и десетина повеќедневни Семинари на актуелни медицински теми. Просечниот број на одржани стручни состаноци изнесува околу 12 годишно.Во рамките на спроведување на КМЕ (Континуирана медицинска едукација) Здружението до сега има организирано и реализирано над 3700 стручни состаноци, медицински работилници, симпозиуми, семинари и сл.

 Секоја година, со пригодна свеченост се одбележува и 7-ми Април - Светскиот ден на здравјето и се доделуваат традиционалните награди од МЛД, на колегите кои во изминатата година дале значаен придонес во развивањето и унапредувањето на целите и задачите на МЛД и на здравствената дејност.Од 2010 година  Здружението воведе пракса секоја година да доделува Награди  и признанија на колегите, или  на  медицински  институциии, оддели  или организации од подрачјето на општина Охрид кои во изминатата година дале значаен придонес во развој на поквалитетна стручна здравствена заштита, подобрување на организационите и медицинско технолошки услови за работа и слично . И овие Награди и признанија Здружението ги доделува на 7- ми Април - Светскиот ден на здравјето.

   Членовите и раководството на Здружението скоро редовно учествуваат во организациските одбори на многубројните конгреси и симпозиуми кои се организираат во нашиот град а даваат и активен придонес во стручната работа преку изработување на голем број на стручни трудови.

Здружението во  2005 година беше иницијатор за формирање на Клуб на доктори кој  што работи во едно од престижните охридски кафулиња (“ДЕА”) и на тој начин овозможува два пати неделно дружење на членовите на здружението, надвор од формалната клупска атмосфера.

Речиси секоја година Здружението организира и научни екскурзии во земјата или во соседните земји коишто опфаќале меѓудругото и посети на реномирани здравствени институции, конгреси, симпозиуми и саеми на медицинска опрема.

Досегашни Претседатели на Здружението на лекари Охрид:

 

  •  1979год, Прим.д-р.Павел Тунтев, невропсихијатар,

     Прв Претседател и основач на Здружението

  •  1985-1986,д-р.Ѓорѓи Чингоски оториноларинголог
  •  1986-1988,д-рСнежана Стрезоска, невропсихијатар
  •  1988-1989,д-р.Миле Миќуновиќ, уролог
  •  1989-1990,д-р Виктор Топалоски, интернист
  •  1990-1991,д-р.Марјан Котлар,интернист
  •  1991-1995,д-р Наум Љатко, анестезиолог
  •  1995-1999,д-р Ангелина Јанкоска-Душкоска,

      патолог

  •  1999-2005,д-р Владо Стефаноски спец. по

      медицина на трудот

  •  2005-2007,д-р.Донка Апостолоска, спец. физијатар
  •  2007-2009,д-р.Соња Филева, офталмолог
  •  2009-2011,Прим.д-р.Илија Прангоски,интернист.

 

Посебно се гордееме затоа што за изминатите 30 години Зружението постигна и  друга не помалку значајна и важна цел- средби,комуницирање,
дружење и живеење на колешките и колегите сите заедно како во еден колектив, како во едно големо семејство а со градење на меѓусебна почит, внимание и уважување на повозрасните колеги.

Мотото на Здружението на лекари Охрид е :

GENS UNA SUMUS - ЕДЕН СМЕ РОД