Цели и задачи...

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Здружението се занимава со стручни прашања и учествува во организирањето и изведувањето на едукацијата на своето членство.
Здружението работи на унапредување на стручното знаење на своето членство, ја негува и развива лекарската етика, го поттикнува и потпомогнува дружењето и развивањето на подобри колегијални односи на докторите.
Здружението соработува со разни медицински организации, органите на локалната самоуправа, како и со владини и невладини организации. Во рамките на тоа покренува иницијативи и дава сугестии за решавање на проблеми од областа на медицинските науки и здравството.
Здружението може да врши и издавачка дејност.

Здружението на лекари - Охрид:

  • ја остварува Програмата на Здружението
  • се грижи за стручно усовршување на членството и за организирање предавања, симпозиуми и др.
  • соработува со научни и високообразовни институции
  • соработува со Македонското лекарско друштво, Лекарската комора на Македонија, со државните органи, органите на локалната самоуправа, хуманитарни организации и сродни институции
  • го следи развојот на здравството на територијата на Општина Охрид
  • се грижи за правата и обврските на членството што произлегуваат од Статутот
  • води евиденција за своето членство

 

Дополнителни линкови

 

 

 
 
Здружение на лекари - Охрид.
Македонија